Екипата на Оклахома Сити Тандер обезбеди пласман во големото финале на Западната конференција втора година по ред, откако со максимални 4-0 во серијата ги елиминираше Лос Анџелес Лејкерс по победата од 115:110. Шеј Гилџес-Александер повторно беше лидер на Оклахома со 35 поени и 8 асистенции, а фантастична поддршка доби од младиот Ејџеј Мичел кој натпреварот го заврши со 28 постигнати поени. Иако Лејкерси водеа во поголемиот дел од мечот благодарение на расположените Ривс (27 поени) и Хачимура (25 поени), трите последователни грешки на Маркус Смарт во последната четвртина целосно им го скршија ритамот.
Чет Холмгрен ги постигна клучните поени по едно моќно закуцување во финишот, по што гостите со сигурни слободни фрлања ставија печат на триумфот.Леброн Џејмс и неговиот тим не најдоа одговор за енергијата на Оклахома, па сега „езерџиите“ предвреме ја завршуваат сезоната со тежок пораз пред своите навивачи.
Со овој брз пласман, Оклахома добива драгоцено време за одмор додека го чека својот противник од дуелот меѓу Минесота и Сан Антонио.

