Ракометарите на Охрид и официјално го одработија првиот тренинг за новата сезона 2026/27. Под палката на тренерот Борис Ројевиќ, екипата со висока мотивација влегува во новиот натпреварувачки циклус. Во тимот владее позитивна атмосфера пред претстојните големи предизвици.
Охриѓани и оваа година имаат јасно поставени и високи цели на сите фронтови. Во домашниот шампионат клубот тргнува во директен напад на шампионската титула. На меѓународна сцена нивна главна мисија ќе биде одбраната на трофејот во ЕХФ Купот.

