Ракометарите на ГРК Охрид се на прагот на најголемиот успех во својата клупска историја. Од жешкото гостување кај словенечкиот гигант Целје, избраниците на охридскиот стручен штаб се враќаат со минимален пораз од 27-26, резултат кој широко ги отвора портите на финалето во ЕХФ Европскиот куп пред реваншот во салата „Билјанини Извори“.
Натпреварот во Словенија имаше две сосема различни лица. Домаќините доминираа во првиот дел, заминувајќи на пауза со предност од 15-11, а кризата во македонскиот табор се продлабочи на почетокот на второто полувреме кога Целје ги достигна максималните +6.
Сепак, тогаш на сцена стапи „бедемот“ на Охрид. Со феноменална дефанзива, македонскиот претставник целосно го неутрализираше нападот на Словенците, оставајќи ги без постигнат гол цели десет минути. Таа серија овозможи резултатско враќање и неизвесна завршница во која се играше „гол за гол“.
Херој на вечерта беше голманот Пилиповиќ, кој својата десетта јубилејна одбрана ја запиша во последните десет секунди од мечот при резултат 27-25. По неговата интервенција, Охрид тргна во брз напад, а Ѓукиќ со ладнокрвна реализација во последната секунда ги постави конечните 27-26. Во екипата на Охрид најдобри
Минималната негатива од еден гол е огромен капитал за македонскиот тим. Со ваква игра и фанатична борбеност, Охрид има реални шанси да го елиминира фаворитот. Одлуката за патникот во големото финале ќе падне на 2 мај, кога се очекува Охрид да биде претесен за сите вљубеници во ракометот кои ќе посакаат да бидат дел од овој историски момент.

