Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Охрид го победи Вардар во финалето и го освои турнирот во Струга

Ракометарите на охридскиот тим ја одбранија титулата освоена минатата година, откако во финалето го совладаа Вардар со 31-30 во натпревар кој донесе неизвесност до последната секунда. Финалниот дуел ги оправда очекувањата и понуди квалитетен ракомет од двете страни. Охриѓани подобро го отворија натпреварот и во најголемиот дел од првото полувреме имаа резултатска предност. Избраниците на Ројевиќ успеаја да ја задржат контролата и на пауза заминаа со плус два, 16-14.

Вардар во вториот дел влезе многу поагресивно. „Црвено-црните“ ја подобрија играта во одбраната, го намалија заостатокот и направија целосен пресврт, преземајќи ја и предноста во еден момент од натпреварот. Сепак, Охрид не дозволи финалето да му се излизга од раце. Во клучните моменти охриѓани беа посигурни и стигнаа до водство од 31-28, со што се чинеше дека победникот е решен.

Вардар, сепак, не се предаде. Со серија од три гола успеа да се врати на само еден гол негатива – 31-30, а по промашувањето на Талески му се отвори и последна можност за целосен пресврт. „Црвено-црните“ добија уште две секунди за последен напад, но времето беше премалку за да се случи чудо. Охрид ја затвори одбраната, го сочува минималното водство и заслужено го подигна победничкиот пехар.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.