Меѓународен фудбал Фудбал

Огромни пари во европските купови, УЕФА ќе распредели 3,3 милијарди евра!

Клубовите кои ќе бидат дел од лигашката фаза на европските натпреварувања во сезоната 2026/27 ќе имаат можност да заработат значителни суми. УЕФА и во новата сезона ќе распредели вкупно 3,3 милијарди евра, од кои најголемиот дел ќе заврши кај учесниците во Лигата на шампионите и Суперкупот на Европа. Околу 2,5 милијарди евра се предвидени за најелитното европско клупско натпреварување, додека 565 милиони евра ќе бидат распределени во Лигата на Европа, а 285 милиони евра во Конференциската лига.

Во Лигата на шампионите, секоја победа во лигашката фаза ќе носи 2,1 милион евра, додека за нерешен резултат следуваат 700.000 евра. Самото влегување во осминафиналето носи 11 милиони евра, а наградите дополнително растат со секоја следна фаза. Финалистите ќе добијат по 18,5 милиони евра, додека победникот ќе инкасира уште 6,5 милиони евра. Значајни суми се предвидени и во Лигата на Европа. Секој од 36-те учесници ќе стартува со 4,31 милион евра, додека победа во лигашката фаза ќе носи 450.000 евра. Во Конференциската лига почетната награда за секој клуб ќе изнесува 3,17 милиони евра, а секоја победа ќе биде вреднувана со дополнителни 400.000 евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.