Меѓународен фудбал Фудбал

Огромен трансфер на повидок, Баркола пред преселба во Ливерпул!

Ливерпул постигнал начелен договор со Пари Сен Жермен за трансфер на Бредли Баркола, во зделка која би можела да достигне околу 120 милиони фунти, објави „Атлетик“. Според информациите, повеќе од 100 милиони фунти од сумата се гарантирани, а преостануваат да се договорат само последните детали. Преговорите ги водат спортскиот директор Ричард Хјуз и претседателот на „Фенвеј Спортс Груп“, Мајк Гордон.

Баркола бил идентификуван како главна опција за наследник на Мохамед Салах. 23-годишниот Французин има уште две години од договорот со ПСЖ, но не сака да го продолжи, поради што во последниот период се зголемија шпекулациите за негово заминување. Минатата сезона Баркола одигра 49 натпревари за ПСЖ, постигна 13 гола и запиша седум асистенции. Во кариерата за францускиот клуб има 39 гола и 37 асистенции на 152 настапи. Трансферот би можел да влијае и врз иднината на Коди Гакпо, за кого во текот на летото интерес покажаа Тотенхем и Манчестер Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.