Жозе Мурињо и официјално е нов стратег на Реал Мадрид. Претседателот Флорентино Перез веднаш по победата на изборите започна со исполнување на своите ветувања, а првиот голем потег е токму враќањето на „Специјалниот“. По цели 13 години, португалскиот менаџер повторно се седнува на клупата на „Сантијаго Бернабеу“ со јасна задача да го прекине двегодишниот пост и да ги врати трофеите во витрините на кралскиот клуб.
Управниот одбор на Реал Мадрид на денешниот состанок соопшти дека Мурињо потпишал тригодишен договор со важност до 30 јуни 2029 година. Неговиот нов мандат официјално ќе започне на 13 јули, за кога е закажан и првиот тренинг и стартот на претсезонските подготовки. Мадридскиот гигант летово планира сериозна реконструкција на тимот, пред сè во одбраната која често беше мета на критики, па како следни најавени засилувања на Перез се споменуваат Ибрахима Конате и Дензел Думфрис.
Враќањето на Мурињо предизвика вистински земјотрес во фудбалска Европа, а фановите се надеваат дека тој е вистинскиот човек за враќање на врвот. На првиот собир во јули Португалецот нема да ја има на располагање комплетната екипа, бидејќи дури десетмина стандардни репрезентативци ќе добијат продолжен одмор по завршувањето на обврските на Светското првенство.
👋 Welcome, Mourinho 👋 pic.twitter.com/RuuSZhTBvI
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) June 11, 2026

