Најпривлечното и воедно прво големо засилување за скопски Вардар е искусниот луксембуршки репрезентативец, Жерсон Родригез Кореа Леал. Офанзивецот и официјално стави потпис на верност кон клубот, обврзувајќи се на едногодишна соработка со најпопуларниот македонски бренд.
Станува збор за фудбалер кој со себе носи исклучително богато интернационално портфолио. Во својата кариера, Леал има поминато сериозни фудбалски филтри, бранејќи ги боите на реномирани европски колективи како украинскиот гигант Динамо Киев, француски Троа, турскиот Сиваспор, како и Слован Братислава.

