Меѓународен фудбал Фудбал

Официјално: Омар Мармуш премина во Тотенхем

Лондонски Тотенхем и официјално го потврди доаѓањето на Омар Мармуш од редовите на Манчестер Сити. Египетскиот напаѓач пристигнува на бесплатна позајмица, но со задолжителен откуп на крајот од сезоната во висина од 50 милиони фунти (околу 58,3 милиони евра), со можност за дополнителни 10 милиони фунти преку бонуси. Заедно со претходно договорениот трансфер на Савињо, лондонскиот клуб во наредните 12 месеци ќе му исплати околу 155 милиони евра на Манчестер Сити за двајцата фудбалери кои беа во втор план на „Итихад“.

Мармуш пристигна во Манчестер Сити пред година и пол од Ајнтрахт Франкфурт за 75 милиони евра како поддршка за Ерлинг Халанд. Иако го започна престојот со осум голови на 22 натпревари, изминатата сезона целосно го изгуби статусот во тимот, забележувајќи 21 настап во Премиер лигата без ниту еднаш да ги одигра сите 90 минути. По доаѓањето на новиот менаџер Енцо Мареска, неговата позиција дополнително се влоши, што ја отвори вратата за трансфер во Лондон.

Во Тотенхем, менаџерот Роберто Де Зерби планира да го користи Египќанецот како полушпиц и поинаков профил на офанзивец во споредба со Доминик Соланке и Ришарлисон, пополнувајќи ја празнината што остана уште од заминувањето на Сон. Со пресметувањето на задолжителниот откуп за Мармуш, Тотенхем официјално го надмина износот од 400 милиони евра потрошени за нови играчи ова лето, со што ја финишираше рекордната реконструкција на составот, ставајќи го фокусот врз Де Зерби да го преточи скапиот проект во резултати на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.