Меѓународен фудбал Фудбал

Официјално: Мајкл Карик останува на кормилото на Манчестер Јунајтед!

Управата на Манчестер Јунајтед официјално потврди дека Мајкл Карик ќе остане на менаџерската функција со нов договор на две плус една година. Поранешниот фудбалер на „црвените ѓаволи“ ја презеде улогата како привремен стратег во текот на јануари. Тој го презеде кормилото на славниот англиски клуб веднаш по заминувањето на португалскиот стручњак Рубен Аморим.

Под водство на Карик, екипата доживеа огромен резултатски подем и ја заврши натпреварувачката сезона на одличното трето место. Со овој успех, клубот успеа да го обезбеди посакуваното враќање во најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите. Манчестер Јунајтед во финишот заврши зад Арсенал и Манчестер Сити, но успеа да ги остави зад себе Астон Вила и Ливерпул.

Раководството соопшти дека клучните детали околу новата соработка биле однапред усогласени меѓу двете страни пред крајот на шампионатот. Во последната фаза од преговорите на „Олд Трафорд“ се решавале само технички формалности поврзани со членовите на неговиот стручен штаб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.