Меѓународен фудбал Фудбал

Официјално: Енди Робертсон е прво засилување за Тотенхем

Тотенхем тргна во целосна реконструкција на тимот, официјализирајќи го ангажманот на искусниот лев бек Енди Робертсон како слободен играч.

Искусниот Шкотланѓанец доаѓа по девет години поминати во Ливерпул, одбивајќи ја понудата на Јувентус за да го исполни ветувањето дадено на лондонскиот клуб. Робертсон во моментов е на подготовки со репрезентацијата за претстојниот Мундијал, па на новиот тим официјално ќе му се приклучи на први јули по истекот на договорот со „црвените“. Менаџерот Роберто Де Зерби и спортскиот директор Јохан Ланге не го криеја задоволството од овој трансфер, нагласувајќи дека победничкиот менталитет и лидерските карактеристики на 32-годишниот дефанзивец ќе бидат клучни за напредокот на екипата.

Овој потег е само почеток на големите промени по катастрофалната сезона во која Тотенхем едвај избори опстанок во Премиер лигата. Раководството веќе работи на дополнително засилување на последната линија, каде следна цел е аргентинскиот стопер Маркос Сенеси од Борнмут, како и Јан Пол ван Хеке од Брајтон. Покрај одбраната, лондонскиот клуб планира да го освежи и нападот со Бразилецот Савињо, кој по помалку успешната епизода во Манчестер Сити ќе бара шанса за ревитализација на кариерата во главниот град.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.