Меѓународен фудбал Фудбал

Официјално: Андони Ираола е нов менаџер на Ливерпул

Ливерпул експресно го реши менаџерското прашање и официјално го промовираше Андони Ираола за нов шеф на стручниот штаб. Шпанскиот стратег доаѓа како директна замена за Арне Слот, кој заработи отказ по неуспешната втора сезона на „Енфилд“. Ираола стави потпис на двегодишен договор кој го обврзува да остане во клубот најмалку до јуни 2028 година. Со овој потег, Баскиецот стана само втор Шпанец во историјата на кормилото на „црвените“, по стапките на Рафаел Бенитез кој во минатото бележеше огромни успеси со тимот.

Клучна улога во овој ангажман одигра спортскиот директор Ричард Хјуз, кој има максимална доверба во Ираола откако претходно го донесе во Борнмут. Под водство на шпанскиот стручњак, Борнмут зад себе има историска натпреварувачка година во која заврши со само три бода помалку од Ливерпул и избори пласман во Лигата на Европа. На новата функција Ираола го чекаат далеку поголеми предизвици во Лигата на шампионите, но и притисок за итен напад на домашниот трон кој неодамна заврши во рацете на Арсенал. Новиот предводник не го криеше возбудувањето по промоцијата, порачувајќи дека традицијата, навивачите и врвниот квалитет на играчите веднаш го привлекле да ја прифати понудата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.