Други спортови Одбојка

Одбојкарките на Наковски волеј повторно убедливи против Работнички

Одбојкарките на Наковски волеј ја искористија предноста на домашниот терен и поведоа со 2:1 во финалната серија од Првата лига, откако во третиот натпревар славеа над Работнички Скопје со 3:1 во сетови.

Струмичкиот тим одигра доминантно во првите два периоди (25:16, 25:13), а беше на чекор и до максимална победа пред да дозволи пад во финишот на третиот сет. Иако водеа со 23:20, гостинките од Скопје со серија од 5:0 успеаја да го добијат сетот и да го продолжат мечот. Сепак, во четвртиот сет Наковски волеј одново ја презеде иницијативата и со 25:19 го завери значајниот триумф.

Најдобра на теренот беше Долдурова со 19 поени, а одлична поддршка имаше од Марковиќ (15) и Ковачевиќ (12). Во тимот на Работнички најмногу се истакнаа Стојанова со 12 и Милевска со 11 поени.

Четвртиот натпревар, кој може да биде одлучувачки за титулата, се игра во петок во Скопје (СЦ „Борис Трајковски“) со почеток во 18:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести