Други спортови Одбојка

Одбојкарките ќе тестираат против Косово

Македонксата женска одбојкарска репрезентација како дел од подготовките за настапот на Европската лига 2026, ќе одигра два подготвителни натпревари против репрезентацијата на Косово. Подготовките ќе стартуваат на 13 мај и целиот подготвителен процес ќе биде одработен во Скопје. Првиот контролен натпревар нашите репрезентативки против Косово ќе го играат на 29 мај во Скопје, а вториот натпревар ќе биде следниот ден, на 30 мај на гостински терен.

Настапите во Европската лига 2026 ќе ги почнеме со патување во Порто, каде нашите репрезентативки во првиот натпревар, на 6 јули ќе се сретнат со Унгарија, а следниот ден и со домаќинот на турнирот Португалија.

Веќе на 12 јуни ја продолжуваме турнирската серија во Аликанте, каде во првиот натпревар избраничките на селекторот Милош Гавриловиќ ќе играат против домашната репрезентација на Шпанија, а следниот ден, на 13 јуни ќе играме против Азербејџан.

Настапот во Европската лига ќе го заокружиме со настап пред домашната публика. Во привиот натпревар на 19 јуни, противник ќе би биде репрезентацијата на Хрватска, а на 21 јуни ќе го одиграме последниот натпревар против Словенија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести