Њукасл експресно ја одби понудата на Арсенал вредна 80 милиони фунти за нивниот капитен и клучен играч Бруно Гимараеш. Бразилскиот репрезентативец претходно побара да му биде дозволен трансфер, но раководството на „страчките“ одлучи децидно да ја прекине оваа иницијатива.
Лондонскиот клуб првично планираше да понуди 70 милиони, но потоа ја зголеми сумата за дополнителни десет милиони фунти. Сепак, ниту тоа не беше доволно да го омекне ставот на клубот од „Сент Џејмс Парк“, каде што веќе владее сериозен притисок.
Оваа одлука доаѓа во исклучително турбулентен период, откако досегашниот менаџер Еди Хау си поднесе оставка и најави пауза во кариерата. Њукасл летово веќе ги загуби Сандро Тонали кој премина во Тотенхем и Ентони Гордон кој ги засили редовите на Барселона.
Иако пристигнаа неколку нови засилувања во тимот, заминувањето на 28-годишниот плејмејкер кој има договор до 2028 година би било преголем удар. Гимараеш зад себе има 195 настапи за клубот и важи за апсолутен мотор на целата екипа.

