Младиот 18-годишен талент на Баерн Минхен, Ленарт Карл, претрпе голем удар и нема да настапи на претстојното Светско првенство. Иако со одличните игри се избори за место во тимот на Јулијан Нагелсман, тој заработи тешка повреда на бутниот мускул за време на тренинг во Чикаго, поради што веднаш се враќа во Германија.
Неговото место во репрезентацијата ќе го заземе 20-годишниот фудбалер на Лајпциг, Асан Уедраого, кого селекторот го повикал директно од одмор во Шпанија. Неговиот дополнителен повик е големо изненадување за јавноста бидејќи зад себе има сезона проследена со повреди. Тој забележа вкупно 20 настапи со учинок од четири гола и четири асистенции, а само двапати одигра цел натпревар.
Уедраого веќе има еден настап за сениорскиот тим на Германија. Тој дебитираше минатата година против Словачка, кога успеа да постигне гол за само 13 минути поминати на теренот.
Играчот на Лајпциг, веќе патува за САД каде што ќе се приклучи на репрезентацијата. Како фудбалер кој е исклучително поливалентен и може да покрие повеќе позиции во средниот ред, тој сега ја добива најголемата шанса на фудбалската сцена.

