Пред само десет години Лестер Сити го постигна најголемиот успех во клубската историја, освојувајќи ја Премиер Лигата, го остави во чудо целиот фудбалски свет. Од екипа која само година дена предходно за влакно се спаси од испаѓање во понизок ранг, Лестер предводен од Клаудио Раниери, го воодушеви фудбалскиот свет станувајќи шампион во Премиер Лигата. Клубот кој се очекуваше да се бори за опстанок, ги остави позади себе клубовите од големата шестка, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул и Тотенхем, им даде надеж на помалите и докажа дека чудата се возможни. Секој искрен фудбалски фан таа сезона навиваше за Лестер, додека фаворитите од коло во коло се надеваа на кикс на Варди и компанија. На крајот, Лестер, предводен од Раниери, со златни букви беше впишан во историјата на Премиер Лигата, па и на светскиот фудбал, како најголемото чудо во поновата историја.
Во меѓувреме Лестер се соочи со повеќе проблеми, но падот делува дека почна после трагичната несреќа, кога газдата на клубот после еден натпревар, во хеликоптерска несреќа го загуби животот. Во сезоните кои следеа Лестер не се врати ни приближно до успехот кој го постигна во 2016-та година. Екипата неколку пати влегуваше и испаѓаше од Премиер Лигата.
Минатата сезона тие испаднаа од Премиер Лигата, а амбициите на клубот беа експресно да се вратат во најквалитетното натпреварување. Лестер добро ја почна сезоната, но после неколку кола, работата тргна во лош правец, клубот влезе во резутатска криза, па наместо борба за пласман во Премиер Лигата, на само четири кола пред крајот, Лестер се наоѓа на предпоследната позиција, која води дирекно во Лига Еден. За опстанок ќе им треба перфектен финиш на сезоната, а ќе зависат и од резултатите на ривалите.

