Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Од КуПС предупредуваат: Ништо не е готово, Вардар ќе биде многу поопасен!

Финскиот шампион КуПС со предност од 2:0 ќе го пречека Вардар во реваншот од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите, но во домашниот табор не размислуваат дека работата е веќе завршена. Тренерот на КуПС, Мика Нуутинен, порача дека неговата екипа е максимално подготвена за натпреварот, откако имала доволно време за одмор и подготовки по првиот дуел во Скопје.

„Во добро расположение го очекуваме реваншот. Имавме неколку дена да се подготвиме и сакаме пред нашите навивачи да ја завршиме започнатата работа“, изјави Нуутинен.

Тој очекува Вардар да игра многу поофанзивно поради негативата од првиот натпревар.

„Резултатот од првиот меч ќе го промени текот на играта. Вардар ќе мора да напаѓа и затоа очекувам поотворен натпревар. Сепак, во фудбалот сè е можно и мора да бидеме подготвени за секое сценарио“, истакна стратегот на финскиот шампион.

Натпреварот се игра денес, со почеток во 17:00, а навивачите на Вардар ќе можат да го следат натпреварот на Арена Спорт Македонија каналите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.