Меѓународен фудбал Фудбал

Од Јувентус до Ла Лига? Влаховиќ добива шанса за ново големо поглавје!

Душан Влаховиќ од 1 јули е слободен агент откако не успеа да постигне договор со Јувентус за продолжување на соработката. Српскиот напаѓач сега внимателно ја разгледува следната дестинација, а во игра се појави уште еден голем европски клуб. Иако за Влаховиќ постоеше интерес од турскиот гигант Бешикташ, фудбалерот сака продолжување на кариерата во посилна лига и клуб со поголеми амбиции. Според последните информации, Атлетико Мадрид се вклучил сериозно во трката за неговиот потпис.

Шпанскиот клуб би можел да отвори место во нападот доколку Александар Сорлот го напушти Мадрид. Норвешкиот напаѓач побарал трансфер, а за него интерес покажува Фенербахче, кој е подготвен да преговара за негово доведување. Сорлот наводно бара плата од околу 12 милиони евра по сезона, а доколку клубовите постигнат договор, тоа би можело да го забрза доаѓањето на Влаховиќ на „Ванда Метрополитано“.

Српскиот репрезентативец останува едно од најатрактивните имиња на трансфер пазарот. По периодот во Јувентус, каде пристигна како големо засилување, Влаховиќ сега е пред нова одлука која може да ја одреди следната фаза од неговата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.