Кошарка Меѓународна кошарка

Очекувано: Купер Флег ја предводи идеалната „руки“ петорка

НБА лигата официјално ги соопшти најдобрите дебитанти за натпреварувачката сезона 2025/26. Предводник на првата петорка очекувано е Купер Флег од Далас, кој претходно веќе беше прогласен за најдобар дебитант на годината.

Покрај него, во овој идеален тим се најдоа Кон Кнупел од Шарлот и Ви Џеј Еџекомб од Филаделфија. Овие тројца млади кошаркари добија максимални 200 поени за време на официјалното новинарско гласање. Првиот состав го комплетираат Дилан Харпер од Сан Антонио со 193 бода и Седрик Кауард од Мемфис со освоени 125 поени.

Во втората најдобра „руки“ петорка беа избрани Дерик Квин и Џеремаја Фирс, двајцата членови на Њу Орлеанс. Место во овој избор обезбедија уште и Максим Рејно од Сакраменто, Ејс Бејли од Јута i Колин Мареј Бојлс од Торонто.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.