Кошарка Меѓународна кошарка

Обрадовиќ повторно се поврзува со Панатинаикос

Името на Жељко Обрадовиќ сè погласно се споменува како можен наследник на Ергин Атаман на клупата на Панатинаикос. По заминувањето на турскиот стратег, грчкиот великан е во потрага по нов тренер, а српскиот стручњак повторно е во центарот на вниманието.

Според медиумски информации, Обрадовиќ во петок ќе престојува во Атина, што дополнително ги подгреа шпекулациите за негово враќање во клубот со кој испиша историја во европската кошарка.

Сепак, засега нема официјална потврда за евентуален договор. Искусниот тренер и претходно беше поврзуван со неколку европски гиганти, но наводно ги одби понудите од Реал Мадрид, Барселона и Олимпија Милано.

Дали легендарниот стратег повторно ќе седне на клупата на Панатинаикос останува да се види во наредните денови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.