Панатинаикос продолжува со реконструкцијата пред новата сезона, а по враќањето на Жељко Обрадовиќ на тренерската клупа, грчкиот великан е на чекор да го врати и еден од своите најголеми клупски симболи, Мајк Батист. Според информациите од Грција, поранешниот американски кошаркар ќе стане дел од стручниот штаб на Обрадовиќ со договор на три години. Се очекува официјалната промоција да следува веднаш штом Батист ја заврши процедурата за разделба со Торонто Репторс, каде што работеше како помошник-тренер во тимот на Дарко Рајаковиќ.
Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, веќе го најави неговото враќање преку објава на социјалните мрежи, со што практично потврди дека легендарниот центар повторно ќе биде дел од клубот во кој ги доживеа најголемите успеси. Иако „зелените“ не успеаја да го ангажираат Треј Лајлс, кој ќе ја продолжи кариерата во Минесота Тимбервулвс, раководството интензивно работи на создавање силен стручен тим околу Обрадовиќ. Дополнително, грчките медиуми најавуваат дека во клубот наскоро би можел да се врати и Димитрис Дијамантидис, кој би добил раководна функција.

