Меѓународен фудбал Фудбал

Обамејанг се врати во Ла Лига и потпиша за Депортиво Ла Коруња

Депортиво Ла Коруња испрати силна порака дека има сериозни амбиции по враќањето во елитното шпанско друштво. Клубот од „Риазор“ продолжува активно да се засилува, а најновото име кое пристигнува е добро познато на европската фудбалска сцена. Со ангажманот на искусниот напаѓач, Депортиво добива големо искуство и проверен стрелец во борбата за успешна сезона во Ла Лига. Клубот и официјално го потврди трансферот на Пјер-Емерик Обамејанг, кој потпиша договор со важност до летото 2028 година.

Габонскиот напаѓач се враќа во шпанскиот шампионат по една сезона мината во Олимпик Марсеј, каде што постигна 10 голови и запиша шест асистенции во сите натпреварувања. За неговите услуги интерес покажуваше и турскиот Чорум, но искусниот голгетер одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на Депортиво.

Во својата богата кариера, Обамејанг настапуваше за неколку европски гиганти, меѓу кои се Арсенал, Борусија Дортмунд и Барселона, а сега ќе има задача со своето искуство да му помогне на Депортиво да биде конкурентен во новата сезона од Ла Лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.