Меѓународен фудбал Фудбал

Њукасл подготвува 100 милиони евра за Феликс Нмеча?

Њукасл е подготвен да ја отвори клупската каса и да тргне по германскиот репрезентативец Феликс Нмеча од редовите на Борусија Дортмунд. По големите продажби на Ентони Гордон, Сандро Тонали и Бруно Гимараеш, „страчките“ собраа над 270 милиони евра и сега бараат клучен играч за реконструкција на нивниот среден ред.

Иако спортскиот директор на Дортмунд, Оле Бук, истакна дека заминувањето на 25-годишниот фудбалер е малку веројатно, тој остави простор за евентуална „астрономска понуда“. Бундеслигашот го проценува Нмеча на најмалку 100 до 120 милиони евра, сума што Њукасл ќе мора да ја плати доколку сака да го доведе веднаш, наместо да ја чека неговата откупна клаузула од 80 милиони евра следното лето.

Доколку англискиот клуб ги исполни барањата на Дортмунд, Германецот би станал најскапото засилување во историјата на Њукасл. Нмеча изминатава сезона одигра 42 меча за Борусија со пет голови и три асистенции, а ги бранеше боите на Германија и на неодамнешното Светско првенство.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.