Амар Дедиќ е пред трансфер во Њукасл, откако англискиот клуб постигна договор со Бенфика за босанскиот репрезентативец. Според Фабрицио Романо, Њукасл ќе плати 35 милиони евра за 23-годишниот дефанзивец, а Бенфика ќе добие и процент од неговиот следен трансфер. Дедиќ веќе ги договорил личните услови со клубот од „Сент Џејмс Парк“, а преостанува да ги помине лекарските прегледи и да го потпише договорот.
Босанецот најчесто игра како десен бек, но може да покрива и на левата страна. Во Њукасл повторно ќе соработува со Матијас Јајсле, со кого работеше во Салцбург. Доколку трансферот биде официјализиран, Дедиќ ќе го направи најголемиот чекор во досегашната кариера и ќе стане нов фудбалер на Њукасл.
Happy Amar Dedic day 🇧🇦
The 23 year old is expected to fly into Newcastle today and the transfer to be official this weekend! 🤝#NUFC pic.twitter.com/4sQpYexpip
— NUFCBible (@NUFCbible) August 14, 2026

