Кошарка Меѓународна кошарка

Њујорк Никс: На четири победи до историја и вечна слава!

Њујорк Никс се подготвуваат за своето прво НБА финале по речиси три децении. Ден пред почетокот на серијата се одржа традиционалната конференција за медиуми. За разлика од Спарси, кај Никс доминираа пораки на благодарност и искуство. Целиот тим е свесен колку е тешко да се стигне до оваа позиција.

Во центарот на вниманието очекувано се најде лидерот на екипата, Џејлен Брансон. Искусниот плејмејкер смета дека тимот мора да ја задржи својата вообичаена рутина. Тој ја пофали одбраната на Сан Антонио и младиот Виктор Вембањама. Пред медиумите зборуваше и предводникот од клупата, Мајк Браун. Искусниот стручњак уште во првата сезона ги однесе Никс до големото финале. Браун нагласи дека сите тешки моменти низ годината го изградиле карактерот на тимот.

Многу емотивен во своето излагање беше центарот Карл-Ентони Таунс. Тој за првпат во својата кариера ќе игра во едно НБА финале. Таунс емотивно се присети на својата мајка и на „Медисон Сквер Гарден“. Микал Бриџис порача дека е максимално фокусиран само на својот придонес на теренот. Неговиот соиграч Џош Харт јавно застана во одбрана на својот долгогодишен пријател. Харт истакна дека успехот на тимот е многу поважен од секое индивидуално признание.

Една од најтешките задачи во финалната серија ќе ја има Ануноби. Тој отворено зборуваше за предизвикот да се чува уникатниот Виктор Вембањама. Ануноби додаде дека Никс влегуваат во финалето по серијата од 11 победи по ред. Фокусот во соблекувалната останува исклучиво на четирите победи кои значат историска титула.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.