Кошарка Меѓународна кошарка

Њу Јорк ја декласираше Атланта за полуфинале, Филаделфија израмни на 3-3

Во шестиот натпревар Њу Јорк ја разби екипата на Атланта на гостински терен, со огромни 140:89. „Никси“ уште од стартот почнаа фуриозно и на полувреме имаа неверојатни 47 поени предност (36:83), што е нов рекорд во Плеј-оф фазата, а во еден момент предноста изнесуваше и 61 поен. Ануноби беше најпрецизен на теренот со 29 поени, а го следеше Бриџис со 24 поени. Кај поразениот тим Џонсон постигна 21 поен.

Кошаркарите на Филаделфија со победата од 106:93 над Бостон, израмнија во серијата на 3-3 и се изборија за решавачки седми меч, кој ќе се игра во Бостон. Во победничката екипа Макси беше напрецизен и постигна 30 поени, Пол Џорџ постигна 23 поени, а Ембид дојде до 19 поени и 10 скокови. Кај поразениот Бостон, Браун постигна 18 поени, а Тејтум дојде до 17 поени и 11 скокови.

Во следната рунда Њу Јорк ќе игра со подобриот во седмиот меч од Бостон и Филаделфија.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести