Челси и официјално го промовираше своето ново засилување за сезоната 2026/27, потврдувајќи го трансферот на аргентинскиот репрезентативец Валентин Барко од француски Стразбур. 22-годишниот фудбалер стави потпис на долгорочен договор со лондонскиот гигант со важност дури до летото 2033 година.
Барко зад себе има одлична сезона во Лига 1, каде што го потврди својот огромен потенцијал и ги убеди челниците на „Стемфорд Бриџ“ да инвестираат во неговиот потпис. Станува збор за исклучително поливалентен играч кој поддеднакво добро се снаоѓа на позицијата лев бек, но и во средниот ред, што го прави совршен профил за тактичките замисли на новиот менаџер Чаби Алонсо.
Аргентинскиот интернационалец наскоро ќе им се приклучи на новите соиграчи на летните подготовки, каде што веднаш ќе конкурира за место во тимот пред стартот на новата сезона.

