Манчестер Сити е на чекор до официјализирање на Енцо Мареска како нов менаџер, а италијанскиот стратег веќе ги подготвува првите трансфер-потези за летниот преоден рок. Според англиските медиуми, една од неговите главни желби е десниот бек Мало Густо. Францускиот репрезентативец наводно не е во долгорочните планови на Челзи, па клубот од Лондон е подготвен да ги разгледа понудите за негов трансфер.
Се шпекулира дека „сините“ би прифатиле сума од околу 40 милиони фунти за 22-годишниот дефанзивец, кој во изминатите сезони собра значително искуство во Премиер лигата и остави добар впечаток со своите настапи. Сепак, Густо не е единствената цел на Сити. Приоритет на актуелниот англиски шампион останува играчот од средниот ред Елиот Андерсон, за кого клубот подготвува нова понуда откако претходните обиди беа одбиени.
Доколку Мареска и официјално седне на клупата на „граѓаните“, се очекува клубот да биде многу активен на трансфер-пазарот во обид да изгради тим по мерка на новиот тренер.

