Меѓународен фудбал Фудбал

Новата желба на Челзи е бисерот на Босна и Херцеговина!

Челзи е најсериозниот кандидат за ангажман на младиот босански репрезентативец Керим Алајбеговиќ, кој со своите настапи на Светското првенство 2026 го привлече вниманието на голем број европски гиганти. Според англиските медиуми, лондонскиот клуб има предност во трката пред Јувентус и останатите заинтересирани екипи, а клучна улога во целата зделка би можел да има новиот тренер Чаби Алонсо. Шпанскиот стратег одлично го познава 18-годишниот офанзивец од нивната заедничка соработка во Баер Леверкузен и верува дека тој има потенцијал да стане важен дел од тимот.

Во Челзи гледаат на Алајбеговиќ како на идеално решение по заминувањето на Алехандро Гарначо, кој ја продолжи кариерата во Астон Вила. Младиот фудбалер минатата сезона настапуваше за Ред Бул Салцбург, а дополнително ја зголеми својата вредност со голот што го постигна за репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Мундијалот против Катар.

Се проценува дека за негов трансфер ќе бидат потребни околу 30 милиони фунти, сума што не би требало да претставува проблем за Челзи доколку реши да испрати официјална понуда.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.