Други спортови Останато

Новата ера во Мото ГП шампионатот започнува во Тајланд

Иако беше планирано Катар да се врати како домаќин на првата трка, поради воените конфликти на Блискиот Исток, новата сезона во Мото ГП шампионатот веќе трета година по ред ќе започне на патеката „Чанг“ во Бурирам. Првиот тркачки викенд на патеката во Тајланд е закажан од 5 до 7 март. Претходно, трката на патеката „Лусаил“ не можеше да го отвори шампионатот поради Рамазан, а нејзиното одржување годинава беше поместено за ноември, иако нејзиниот конечен статус сè уште е неизвесен.

Предстојниот шампионат ќе означи почеток на сосема нова ера во кралската класа, бидејќи тимовите преминуваат на прототипи од 850 кубика наместо досегашните 1.000. Новите моторцикли за првпат ќе се најдат на патеката во Валенсија на тестирањата веднаш по завршувањето на тековната сезона, но Големата награда на Тајланд ќе биде нивното прво официјално натпреварувачко деби. Првиот човек на Мото ГП, Кармело Езпелета, истакна дека доделувањето на првата трка е потврда за одличното партнерство со Тајланд и огромната страст на локалните навивачи кои редовно ги полнат трибините.

Шампионатот во Мото ГП во моментов се наоѓа на летна пауза, а возбудувањата на патеката продолжуваат со Големата награда на Британија на „Силверстон“, која е на програмата од 7 до 9 август.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.