Други спортови Тенис

Новак се враќа во Кина, Ѓоковиќ повторно ќе игра на турнирот во Пекинг!

Новак Ѓоковиќ и официјално потврди дека ќе настапи на турнирот во Пекинг, со што по подолга пауза ќе се врати на „Кина Опен“. Српскиот тениски ас претходно беше пријавен за турнирот, но сега стави крај на дилемите околу својот настап. Ѓоковиќ има посебна историја во Пекинг, каде што дури шест пати ја освојуваше титулата – во 2009, 2010, 2012, 2013, 2014 и 2015 година.

„Многу сум среќен што можам да објавам дека по многу години се враќам во Пекинг на China Open. Возбуден сум што повторно ќе играм во Националниот тениски центар. Ова е место со кое ме поврзуваат неверојатни спомени и големи успеси во кариерата“, порача Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер им се заблагодари и на навивачите во Кина за долгогодишната поддршка и истакна дека со нетрпение очекува повторно да заигра пред нив. „Кина Опен“ годинава ќе се одржи од 30 септември до 6 октомври, а враќањето на шесткратниот шампион несомнено ќе биде една од главните атракции на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.