Други спортови Тенис

Новак Ѓоковиќ го урна рекордот на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд на АТП листата по број на недели поминати помеѓу најдобрите пет тенисери, стигнувајќи до бројката од 860 недели во елитното друштво на топ 5 позициите.

Легентарниот српски тенисер, со тоа го сруши досегашниот рекорд, поставен од еден од неговите најголеми ривали и исто така легендарен тенисер, Роџер Федерер кој во најдобрите пет на АТП листата помина 859 недели.

На третата позиција се наоѓа уште еден тенисер кој имаше ривалство и со Федерер и со Ѓоковиќ, Рафаел Надал со 837 недели поминати во најдобрите пет на листата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести