Други спортови Тенис

Новак Ѓоковиќ го откажа настапот во Мадрид

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, официјално се повлече од претстојниот Мастерс во Мадрид, продолжувајќи ја паузата поради повредата на десното рамо. По неодамнешното отсуство од Мајами и Монте Карло, 38-годишниот ас преку социјалните мрежи потврди дека сè уште не е во целосна натпреварувачка форма и дека неговиот приоритет останува процесот на рехабилитација.

Оваа одлука доаѓа по низата неочекувани порази на почетокот на сезоната, по што фокусот на 24-кратниот Грен Слем шампион сега е целосно насочен кон Париз. Ѓоковиќ ќе се обиде да ја санира повредата до 24 мај, кога започнува „Ролан Гарос“, каде ќе атакува на својата рекордна 25-та титула од најголемите турнири.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести