Други спортови Тенис

Новак Ѓоковиќ е подготвен за Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Мастерсот во Мадрид, официјално потврдија организаторите на турнирот. Тој поради повреда ги пропушти предходните два турнири во Мајами и Монте Карло, а неизвесен беше и неговиот настап на турнирот во Мадрид. Покрај српскиот тенисер, на турнирот во Мадрид ќе настапат и Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Ѓоковиќ Мастерсот во Мадрид го има освоено три пати, а последен пат во 2019 година, кога во финалето го совлада Стефанос Циципас.

Мастерсот во Мадрид ќе се игра од 22 април до 3 мај.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести