Џанфранко Ѕола официјално е назначен за координатор на младинскиот развој во Италијанската фудбалска федерација, како дел од новиот проект за враќање на „Азурите“ на врвот на европскиот и светскиот фудбал. Поранешниот италијански репрезентативец ќе биде дел од новото раководство, во кое веќе се наоѓаат селекторот Роберто Манчини и техничкиот директор Клаудио Раниери. Претседателот на Федерацијата, Џовани Малаго, истакна дека изборот на Ѕола бил едногласно поддржан поради неговото искуство, авторитет и долгогодишната работа со млади фудбалери.
Зола ќе продолжи да ја извршува и функцијата потпретседател на Лега Про, третото ниво на италијанскиот фудбал, позиција што ја има од 2023 година. Некогашниот ас на Челси, Парма и Каљари зад себе има и тренерска кариера, водејќи ги Вест Хем, Вотфорд, Каљари, Ал-Араби и Бирмингем, а последен ангажман му беше како помошник на Маурицио Сари во Челси во сезоната 2018/19.
Во Италијанската федерација веруваат дека токму искуството и визијата на Зола ќе бидат клучни за создавање нова генерација таленти кои во иднина ќе го носат дресот на италијанската репрезентација.

