Судиска одлука од англиската Премиер лига повторно го крена фудбалскиот свет на нозе, откако на дуелот меѓу Кристал Палас и Нотингам Форест беше признат исклучително спорен погодок за домаќините и покрај тоа што ТВ-снимките јасно покажаа контакт со рака непосредно пред топката да заврши во мрежата.
Инцидентот кој предизвика лавина реакции се случи во длабокото судиско надополнување од првото полувреме. По центаршутот од корнер на Адам Вортон, Џеферсон Лерма биеше со глава кон противничкиот гол, но на патот кон мрежата топката директно го погоди во лактот Ананан Халаили. И покрај тоа што фудбалерите на Нотингам веднаша бурно реагираа и побараа игра со рака, главниот арбитар го призна голот, а уште поголема неверување предизвика ВАР-собата, која по брзата проверка одлучи дека нема ништо спорно.
🚨 𝗡𝗘𝗪: HUGE controversy as Crystal Palace’s second goal against Nottingham Forest was ALLOWED to stand despite replays appearing to show the ball hitting Anan Khalaili’s ELBOW before going into the net!
VAR reviewed the incident but did NOT disallow the goal.
Former Premier League referee Mark Halsey insists the goal SHOULD HAVE BEEN DISALLOWED under the handball rules!
— The Touchline | 𝐓 (@TouchlineX) October 11, 2026
Оваа одлука ги разбесни гостите, особено ако се има предвид судиското правило според кое секој погодок постигнат директно со рака или лакт од страна на напаѓач мора веднаш да се поништи, без разлика дали контактот бил ненамерен.
Инаку, Нотингам Форест подобро го отвори мечот и поведе уште во утринските минути по голема грешка токму на Халаили во одбраната на Палас. Сепак, домаќините најпрво израмнија преку Даичи Камада во 41. минута, а потоа следуваше спорниот момент кој целосно го промени текот на средбата и им овозможи на домаќините да заминат на пауза со предност која ја подигна целата англиска јавност на нозе.

