Меѓународен фудбал Фудбал

Нова ера за „триколорите“, Зидан седна на селекторската клупа

По долгите шпекулации, пристигна и официјалната потврда , Зинедин Зидан е нов селектор на француската фудбалска репрезентација. Легендарниот Французин беше претставен на прес-конференција во Париз и ја започнува својата прва селекторска авантура, наследувајќи го Дидие Дешамп по неговите 14 години на клупата на „петлите“. Дешамп остави длабока трага во францускиот фудбал, освојувајќи ја светската титула во 2018 година и водејќи ја репрезентацијата до финале на Европското првенство, но по елиминацијата во полуфиналето на Мундијалот 2026 беше донесена одлука за нов почеток.

Зидан се враќа во фудбалот по четиригодишна пауза, откако во 2021 година по вторпат го напушти Реал Мадрид. Во шпанскиот гигант испиша историја со три последователни трофеи во Лигата на шампионите, како и две шампионски титули во Ла Лига. Првите официјални натпревари на новиот селектор ќе бидат во Лигата на нации, каде Франција во септември ќе гостува кај Турција и Белгија, а на 2 октомври ќе го има и првиот домашен настап против Италија. Очекувањата од Зидан се огромни, а неговата задача ќе биде повторно да ја однесе Франција на самиот врв на светскиот фудбал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.