Јанис Адетокумбо со големи амбиции пристигна во Мајами, а новата ѕвезда на Хит веднаш испрати силна порака до навивачите пред почетокот на сезоната. Грчкиот кошаркар не крие дека во новиот тим гледа можност повторно да се наметне како еден од најдобрите играчи во НБА и да му помогне на Мајами да се врати во самиот врв.
„Оваа сезона ќе доминирам. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. На навивачите сакам да им кажам дека го враќаме Хит на старите патеки. Фокусот ми е на победите. Мајами, подгответе се за возбудлива сезона“, порача Адетокунбо.
Јанис ова лето направи голем пресврт во кариерата и по 13 сезони во Милвоки Бакс се пресели во Мајами. Заедно со него во Хит пристигна и Боби Портис, додека Милвоки во спротивна насока доби повеќе играчи и богат пакет драфт-пикови. Адетокумбо целиот досегашен дел од НБА-кариерата го помина во Милвоки, со кој во 2021 година ја освои шампионската титула, прва за Бакс по половина век.
Минатата сезона, сепак, беше проблематична за грчката суперѕвезда поради повреди. Тој настапи на само 36 натпревари во регуларниот дел од сезоната, но и покрај тоа имаше одлични бројки – просечно 27,6 поени, 9,8 скока и 5,4 асистенции. Сега, со новиот предизвик во Мајами, Јанис има јасна цел, да биде здрав, да доминира на паркетот и да го врати Хит во борбата за највисоките дострели.
Giannis Antetokounmpo is ready to DOMINATE this season 👀
“This season I will dominate. The things I want to prove are that I’m one of the best players in the NBA. To the fans I want to say, we’re bringing back the Heat. My new season mindset is winning. When the opportunity… https://t.co/viEy8NwQyh pic.twitter.com/5LGMFE8978
— Heat Central (@TheHeatCentral) August 14, 2026

