Манчестер Сити денеска и официјално ја започнува новата ера под водство на Енцо Мареска, кој го има своето првенствено деби на „Етихад“ против екипата на Борнмут. Италијанскиот стратег, кој го наследи Пеп Гвардиола по неговата десетгодишна ера на клупата, порача дека свесно ја прифаќа големата одговорност и притисокот за освојување трофеи, и покрај почетниот пораз од Арсенал во Комјунити Шилд.
„Граѓаните“ зад себе имаат совршена домашна традиција против денешниот ривал со сите девет победи на досегашните премиерлигашки мечеви во Манчестер. Сепак, Мареска во првиот дуел влегува со одредени проблеми во составот поради повредата на Џереми Доку, чие место на левата крилна позиција се очекува да го пополни Џек Грилиш. Од друга страна, промени на клупата има и кај Борнмут, каде што дебитира Марко Розе. Гостите пристигнуваат ослабени без неколку клучни имиња поради повреди и суспензии, но со најава за премиерлигашко деби на новото засилување Антонио Силва.
Сити и Борнмут својот прв натпревар во сезоната ќе го одиграат денес со почеток во 15:00 часот, а во истиот термин ќе се одигра и натправарот помеѓу Брајтон и Астон Вила.

