Меѓународен фудбал Фудбал

Нова драма околу Мбапе: Пропушти тренинзи, па се појави на забава во Париз! (ВИДЕО)

Килиан Мбапе повторно се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност, откако францускиот напаѓач бил забележан во Париз во периодот додека се опоравува од повредата на коленото. Ѕвездата на Реал Мадрид отпатувала во француската престолнина, каде што бил виден во друштво на шпанската актерка Естер Експосито. Снимките од неговото присуство во Париз предизвикаа реакции, особено по информациите дека Мбапе во тој период не бил присутен на последните две тренинг-сесии во Валдебебас.

Французинот неодамна го напушти собирот на репрезентацијата поради повредата здобиена на натпреварот против Турција во Лигата на нациите. Според првичниот план, Мбапе требаше да започне со процесот на рехабилитација и секојдневно да работи на враќањето во форма.

Сепак, од Реал Мадрид брзо реагираа на информациите и појаснија дека патувањето во Париз било однапред одобрено од клубот и медицинскиот тим. Така, иако неговото отсуство од тренинзите отвори простор за реакции, од „кралскиот клуб“ уверуваат дека Мбапе не го напуштил планот за закрепнување без знаење и дозвола на стручниот штаб.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.