Меѓународен фудбал Фудбал

Нов удар за Нејмар, Бразилецот ќе паузира до шест недели! (ФОТО)

Нејмар повторно се соочува со непријатен период во кариерата, откако повредата го принуди предвреме да го напушти теренот. Наместо фокусот да биде на неговите настапи и враќањето во препознатлив ритам, Бразилецот повторно ќе мора да паузира. Станува збор за мускулен проблем кој може да го оддалечи од фудбалските терени повеќе од еден месец.

Напаѓачот на Сантос заработил повреда на мускулот на десната бутина во реваншот против Палмеирас во Купот на Бразил. Натпреварот заврши без голови, а Нејмар беше заменет на полувремето. Според информациите од Бразил, 34-годишниот фудбалер би можел да биде надвор од терените од четири до шест недели.

Ова е нова непријатност за Нејмар, кој се врати во Сантос во јануари 2025 година по периодот поминат во Ал-Хилал. Претходно, Бразилецот со голем успех настапуваше за Барселона и Пари Сен Жермен, со кој освои повеќе трофеи во Франција. Сантос, во меѓувреме, беше елиминиран од Палмеирас во Купот, откако по победата од 3:0 во првиот меч, ривалот одигра 0:0 во реваншот.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.