Манчестер Јунајтед се соочува со нови главоболки откако стана јасно дека напаѓачот Бенјамин Шешко ќе биде надвор од стројот најмалку до јануари поради обновување на повредата на потколеницата, пренесува „ББС“. Словенечкиот репрезентативец ги влече овие проблеми уште од мај и дуелот со Ливерпул, а откако болките повторно се појавија во септември, медицинскиот тим одлучи дека е потребен подолг период за пoцелосна рехабилитација.
Шешко го одигра последниот меч уште на 16 септември во поразот од Брајтон во Лига купот, по што замина на пауза. Во негово отсуство, менаџерот Мајкл Карик е приморан да бара алтернативни решенија во офанзивата користејќи ги Брајан Мбеумо и Матеус Куња во централната улога, а како опција го има и Џошуа Зиркзе.
Словенечкиот голгетер, за кого Јунајтед плати 73,7 милиони фунти на Лајпциг, постигна 12 гола во својата дебитантска сезона на „Олд Трафорд“, додека во тековнава кампања досега запиша два погодоци на шест меча. Неговото продолжено отсуство дополнително ги подгрева шпекулациите за потенцијални засилувања во јануарскиот преоден рок.

