Меѓународен фудбал Фудбал

Нов скандал во турскиот фудбал, Бешикташ бара одговори за масовната тепачка

Бешикташ упати остри критики до официјалниот телевизиски емитер на турската Суперлига, обвинувајќи го за двојни стандарди при прикажувањето на спорните ситуации. Повод за реакцијата беше масовната тепачка меѓу фудбалерите на Галатасарај и Фенербахче по завршувањето на дербито, како и претходниот случај со српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

Од истанбулскиот клуб сметаат дека телевизијата во случајот со Влаховиќ постојано го повторувала спорниот момент од различни агли, што придонело за неговата суспензија. Спротивно на тоа, за време на масовната пресметка на дербито биле користени пошироки кадри, со кои, според Бешикташ, не биле прикажани сите детали од инцидентот. Клубот реагираше и на прекинувањето на коментарот на поранешниот судија Булент Јилдирим во телевизиската емисија „Трио“, токму кога требало да го анализира случувањето.

Бешикташ побара од Фудбалскиот сојуз на Турција да ги обезбеди сите снимки од стадионот, вклучувајќи ги камерите зад головите и во тунелите, за да се идентификуваат сите учесници во тепачката и да следуваат дисциплински мерки.

„Ќе постапувате ли со истата брзина и одлучност кон сите учесници во тепачката како во случајот со Душан Влаховиќ?“, прашаа од клубот, кој најави дека нема да се откаже од борбата за еднаков третман на сите екипи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.