Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нов скандал: Уругвајските фудбалери ги претресуваа со кучиња како да се шверцери на дрога!

Пред да го одиграат својот прв натпревар на Светското првенство против Саудиска Арабија, фудбалерите на Уругвај претрпеа големо понижување во Мајами. Наместо вообичаен пречек за спортски ѕвезди, американските безбедносни служби ги третираа Уругвајците буквално како криминалци. Веднаш по пристигнувањето на стадионот на Флорида, полицијата го запре нивниот автобус и им нареди на сите играчи да излезат надвор, да се наредат во врста и да ги остават куферите на земја. Додека фудбалерите стоеја мирно под будно око на полицијата, специјални кучиња-трагачи долго го пребаруваа нивниот личен багаж. Пред нив, на сличен начин беа претресени и репрезентативците на Узбекистан, што покажува дека американските власти влегоа во сериозна параноја.

Овој скандал целосно ја засенува и самата игра, а по натпреварот кој заврши со нерешени 1-1, новинарите повеќе се занимаваа со чудното однесување на селекторот Марсело Биелса отколку со самиот резултат. Популарниот „Лудак“ предизвика големо внимание уште на официјалното мундијалско фотографирање бидејќи цело време одбиваше да гледа во камерата и зјапаше во подот. На новинарските прашања околу овој бизран детаљ, Биелса нервозно одговори дека нема намера ништо да објаснува, нагласувајќи дека тој не е модел и нема обврска да позира, туку едноставно си ја завршил работата и не направил ништо лошо.

Што се однесува до самиот натпревар на теренот, искусниот стратег беше фрустриран бидејќи неговиот тим одигра добро само едно полувреме. Уругвај имаше тотална доминација во продолжението и дури 27 шутеви кон противничкиот гол, но топката едноставно не сакаше да влезе во мрежата повеќе од еднаш. Биелса истакна дека во второто полувреме играчите многу повеќе се движеле, трчале со топката и создавале чисти шанси, но призна дека крајниот кикс е директна последица на тоа што тимот комплетно го преспа првиот дел и не ја покажа својата вистинска верзија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.