Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Нов проблем за Англија, Рајс изолиран пред четвртфиналето со Норвешка!

Англиската репрезентација се соочува со неочекувани проблеми во пресрет на четвртфиналниот дуел против Норвешка, откако Деклан Рајс беше изолиран од остатокот од тимот поради вирусна инфекција. Играчот од средниот ред ги пропушти последните два тренинга, а медицинскиот тим веднаш реагирал со превентивни мерки за да спречи евентуално ширење на вирусот меѓу останатите репрезентативци. Покрај здравствените проблеми, Рајс и претходно чувствувал болки во тетивата и долниот дел од грбот, што дополнително ја усложнува неговата состојба.

Според информациите од англискиот табор, ситуацијата засега е под контрола и постои оптимизам дека нема да има нови случаи во репрезентацијата. Интересно е што и Норвешка во изминатите денови имаше слични проблеми, откако неколку фудбалери беа погодени од вирус непосредно пред четвртфиналето.

Натпреварот меѓу Англија и Норвешка е закажан за ноќта меѓу 11 и 12 јули, а останува да се види дали Рајс ќе успее навреме да закрепне и да му биде на располагање на селекторот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.