Светската фудбалска федерација ФИФА донесе неочекувана одлука за големото финале на Светското првенство. Паузата меѓу двете полувремиња ќе биде продолжена на дури 30 минути. Причина за овој голем преседан е спектакуларното музичко шоу на теренот.
На сцената е најавено учество на најголемите светски музички ѕвезди. Меѓу нив се Џастин Бибер, Шакира, Мадона, БТС, Бурна Бој и групата Колдплеј.
Шпанските медиуми веднаш изразија сериозна загриженост поради ваквиот потег на организаторите. Тие сметаат дека ваквата одлука воопшто не му одговара на стилот на игра на Шпанија. Избраниците на Луис де ла Фуенте досега доминираа благодарение на високиот интензитет и брзиот проток на топката.
Предолгата пауза во соблекувалната може целосно да го наруши ритамот на „црвената фурија“. Шпанците во досегашниот тек од турнирот ги кршеа противниците токму со постојан притисок и силно темпо.
Организаторите сакаат да го претворат финалето во најголемиот спортско-забавен настан во историјата. Сепак, останува прашањето дали ова естрадно шоу ќе влијае врз квалитетот на клучниот фудбалски натпревар.

