Кошарка Меѓународна кошарка

Нов испад на Дрејмонд Грин и ново исклучување (ВИДЕО)

Искусниот крилен центар на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин, уште еднаш се најде во центарот на скандал на НБА терените. На дуелот против Феникс Санс, контроверзниот кошаркар заработи автоматско исклучување уште во раната фаза од третата четвртина, откако влезе во физичка пресметка со двајца противнички играчи.

Инцидентот се случи на десет минути пред крајот на третиот период, кога центарот на Санс, Каман Малуач, постигна кош под фаул од Грин за предност на Финикс од 67:57. Изнервиран од претходниот дуел за позиција под кошот, Грин агресивно го турна и го собори Малуач на паркетот. Во заштита на својот помлад соиграч веднаш притрча Дилон Брукс, но Грин не застана тука и за време на кошкањето го фати Брукс во пределот на вратот.

По долготрајниот преглед на снимките, судиите му доделија две технички грешки на Грин и го испратија во соблекувалната, додека Брукс исто така беше санкциониран со една техничка грешка. Вориорс така предвреме останаа без својот главен дефанзивен столб, кој до тој момент запиша скромни четири поени, четири скокови и две асистенции.

За Грин ова беше прв меч по одморот на дуелот против ЛА Клиперс, но наместо да помогне на теренот, неговото враќање повторно го обележа ново жестоко неспортско издание.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.