Иако Челзи важеше за главен фаворит за потписот на босанскиот бисер Керим Алајбеговиќ, кариерниот чекор на младиот напаѓач ќе биде преселба во Торино. Јувентус постигна целосен договор со Леверкузен за трансфер вреден 33 милиони евра плус бонуси.
Алајбеговиќ ги воодушеви европските скаути по фантастичната сезона во Салцбург, каде што постигна 13 голови и четири асистенции на 44 натпревари. Леверкузен експресно ја активираше повратната клаузула од 8 милиони евра, а сега веднаш остварува повеќекратно поголема заработка.
Неговите одлични партии и ефектниот погодок за БиХ против Катар на Светското првенство дополнително му ја кренаа цената на пазарот.
Со овој трансфер Јувентус ја пополнува празнината во нападот по заминувањето на Душан Влаховиќ, а Алајбеговиќ во Торино ќе му се приклучи и на црногорскиот талент Василије Аџиќ.

