Нотингем Форест го постави новиот клупски рекорд со ангажманот на Лијам Делап, кој се преселува на „Сити Граунд“ од редовите на Челзи во трансфер вреден околу 50 милиони фунти. Британските медиуми пренесуваат дека сите детали се целосно договорени, а младиот напаѓач во наредните денови треба само да ги мине задолжителните медицински прегледи и и официјално да потпише договор со новиот клуб.
Делап стигна во Челзи минатото лето од Ипсвич за 30 милиони фунти, но лондонскиот клуб реши брзо да го продаде по сезона во која младиот офанзивец имаше големи проблеми со повредите на рамото и тетивата на коленото. Со неговото доаѓање, Нотингем значително ја зголемува конкуренцијата во нападот каде веќе се наоѓаат Крис Вуд и Игор Жесус.
Ова е само продолжение на бурниот преоден рок за Нотингем, кој претходно го доведе Усман Диоманде од Спортинг за 34 милиони фунти, како и слободните агенти Ксавијер Шлагер и Стив Бенда. Од клубот ова лето заминаа и Елиот Андерсон во Манчестер Сити за 116 милиони фунти, додека Таиво Авоњи замина во Ковентри.

